За неколку минути стана национален херој: Голманот кој со танцувањето ги збуни Перуанците направи уште една полуда работа (Видео)

Австралија се пласира на Светското првенство во Катар откако дури по подобро изведување на пеналите го совлада Перу. По 120 минути игра немаше погодоци, а селекторот на Австралија во последните секунди пред да се означи дека победникот ќе се дознае по изведување на пеналите, реши да го смени голманот.

Ендрју Редмејн застана на голот да ги брани пеналите и тоа се покажа како клучен момент. Со своето танцување на гол-линијата, тој успеа да збуни еден противнички играч кој шутираше во стативата, а потоа и да го одбрани ударот во шестата серија на перуанските фудбалери.

https://twitter.com/i/status/1536453345199763457

Освен што ги збуни противничките играчи, голманот Редмејн направи диверзија и врз голманот на Перу. Чуварот на мрежата на Перу Педро Гелос на шишето за вода имаше лист на кој имаше обележано каде најчесто шутираат пенали фудбалерите на Австралија. Педро го одбрани првиот удар, а тоа го забележа Редмејн.

Австралискиот голман во еден момент го зеде шишето на противничкиот голман и го фрли преку рекламите, па Педро не можеше да добие информации за тоа каде шутираа фудбалерите на Перу.

- Оглас -

Најнови вести