За нокаут на противничкиот тренер, капитенот на Ајнтрахт долго време ќе биде на ладење

Давид Абрахам, капитенот на Ајнтрахт Франкфурт, нема да игра во Бундеслигата до крајот на годината. Ова го одлучи дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Германија поради инцидентот направен на дуелот против Фрајбург.

Дефанзивецот на Ајнтрахт е суспендиран седум недели, точно колку што има до крајот на 2019 година. Во тој период ќе пропушти дури шест кола од Бундеслигата. Освен суспензијата, Абрахам е казнет и парично со 25.000 евра.

Потсетуваме, на гостувањето кај Фрајбург, Абрахам буквално го нокаутираше тренерот на противничкиот тим Кристијан Штрајх. По нокаутот на Штрајх, веднаш реагираа играчите на Фрајбург и настана мешаница во која учествуваа играчи на двата тима.

Во целата ситуација, Абрахам доби црвен картон, а Фрајбург победи со 1:0.

https://youtu.be/VR6Af77OkZo

- Оглас -

Најнови вести