За ноќеска одложени се два натпревари од НБА лигата

За ноќеска се одложени два натпревари во НБА-лигата, Далас – Њу Орлеанс и Бостон – Чикаго. Раководството на лигата мораше да преземе превентивни мерки откако корона-вирусот зеде замав меѓу екипите.

Вкупно четири натпревари засега нема да се одржат според распоредот во сезоната 2020/21.

И покрај тоа што ситуацијата загрижува, одложување на сезоната не е меѓу опциите на НБА, но дефинитивно ќе се разговара околу промена на здравствениот протокол, а играње во балон како што беше минатата сезона може да биде едно од решенијата.

è

- Оглас -

Најнови вести