За новото чудо на Борусија се борат дури четири репрезентации

Капитенот на јуниорската репрезентација на САД, Џовани Рејна, кој во дресот на Борусија Дортмунд против Вердер во Купот на Германија постигна супер гол, стана најмлад стрелец во историјата на Купот и покажа дека е вонсериски талент, па не е ни чудо што дури четири земји се борат да привлечат да игра за нивните сениорски репрезентации. Засега во предност се Американците, Рејна игра за САД, но тоа може да се смени додека не заигра за сениорскиот национален тим.

Рејна е роден во Сандерленд, Англија, каде неговиот татко Клаудио играше од 2001 до 2003 година. Поради местото на раѓање, тој би имал право да игра и за Англија. Баба му е Португалка, па и Португалците се надеваат дека ќе ги одбере нив. Но, најсилен притисок да не игра за САД има од Аргентина. Од Аргентинскаа фудбалска федерација, веќе испратиле понуда до Рејна за промена на фудбалското државјанство.

Дедо му на Рејна е Аргентинец, а се има преселено во САД, каде се роди таткото на Џовани. Клаудио Рејна имаше 112 настапи за селекцијата на САД. Џовани и татко му Клаудио засега не се изјаснуваат.

- Оглас -

Најнови вести