За осум години играше само еднаш за Јуве и замина како „вечен талент“

Јувентус се ослободи од вечниот талент Григорис Кастанос и го пушти во редовите на Салернитана, каде што потпиша четиригодишен договор.

Кастанос пред осум години како 16-годишен тинејџер потпиша за Бјанконерите, но успеа да запише само еден настап за сениорскиот тим. И тоа деби не го памети по добро, играше во поразот од СПАЛ со 2-1 во април 2019 година.

Кастанос низ годините беше праќан на позајмици во Фросиноне, Пескара, Зулте Вареген, како и сегашниот клуб Салернитана, па кипарскиот играч за врска ќе се бори за опстанок во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести