За Педри нема сопирање

Младата ѕвезда на Барселона, Педри, ќе биде повикан во репрезентативниот состав на Шпанија за претстојните мечеви од квалификациите за настап на Светското првенство во 2022 година. На 2 септември Шпанија ќе игра против Шведска, а три дена подоцна ќе се сретне со Грузија. За 8 септември е закажан дуелот против Косово.

Минатата сезона Педри одигра неверојатни 73 натпревари во девет различни натпреварувања. Иако во август беше дел од олимписката селекција на Шпанија во Токио, каде што играше во финалето, Педри по враќањето во земјата немаше ни еден ден одмор, туку веднаш ѝ се приклучи на Барселона, па дури го одигра и целиот меч во првото коло од новата сезона во Примера дивисион.

Педри самиот покажал иницијатива и желба да биде дел од националниот состав за следните мечеви од квалификациите за пласман на Црвената фурија на планетарниот собир во Катар следната година.

 

- Оглас -

Најнови вести