За пет секунди промаши два пати од ситуации од кои не се промашува (Видео)

Оклахома ноќеска славеше против Минесота со 112:103, а по мечот најмногу се зборуваше за тинејџерот Тео Маледон. Младиот играч на Оклахома успеа за само пет секунди да има две неверојатни промашувања.

Францускиот дебитант во првата четвртина тргна во контра напад и се очекуваше лесно да постигне два поени, но промаши чисто положување. Топката повторно дојде до Маледон, кој реши со забивање да ја заврши акцијата, но повторно беше неуспешен.

Маледон беше избран како 34-ти пик на НБА драфтот во 2020 година од Филаделфија 76, но на 8 декември беше трампан во тимот на Оклахома.

 

- Оглас -

Најнови вести