За помалку од 24 часа втор шок за Партизан: Почина уште еден екс играч на црно-белите

Не поминаа ни 24 часа откако беше јавено за смртта на легенданиот фудбалер на Партизан Небојша Вучичевиќ, а Црно-белите се во нов шок. Утрово почина некогашниот бек на Партизан, Драгољуб Јеремиќ.

„Секој пат кога ќе помислиме дека ќе сопре, дека е крај – животот нè демантира и ни задава нов удар. Затоа тешко е да најдеме зборови за да се простиме од уште еден голем играч на Партизан и поранешен репрезентативец Драгољуб Јеремиќ. Нека ти е вечна слава и благодариме!“, стои во соопштението на Партизан.

- Оглас -

Најнови вести