За првпат по 45 години кошаркарски меч заврши нерешено

Германската кошаркарска лига е една од ретките во Европа која реши да продолжи и за време на пандемијата од корона-вирусот. Шампионатот дојде до полуфиналето во трката за титулата, а интересен беше мечот меѓу Улм и Лудвигсбург, кој заврши нерешено 71:71. Ова е прв пат во последните 45 години во Германија еден кошаркарски меч да заврши нерешено без да има продолжение од пет минути.

Последен пат кошаркарски дуел во Германија завршил без победник во сезоната 1974/75, кога било 78:78 на средбата меѓу Гибен и Волфенбутел.

По ова реми во првиот меч од разигрувањето на титулата, патникот во финалето дефинитивно ќе се решава на реваншот. Во второто полуфинале играат Олденгург и Алба Берлин.

 

- Оглас -

Најнови вести