За разлика од Јуве и Рома, Аталанта го препозна талентот на Дијало, а тој им донесе 21 милион евра

Манчестер јунајтед го комплетира трансферот на 18-годишниот крилен офанзивец од Аталанта, Амад Дијало. Црвените ѓаволи исплатија 21 милион евра за талентот на Божицата, кој пред преселбата на „Олд Tрафорд“ запиша само пет настапи за сениорскиот тим на Гасперини.

https://twitter.com/ManUtd/status/1347212691618848768

Тимот од Бергамо пред неколку години го препозна потенцијалот на Дијало, кој во меѓувреме беше на проби во Јувентус и Рома. За нив не беше доволно добар, но Дијало покажа дека италијанските гиганти и тоа како направиле грешка.

Инаку, тинејџерот со потекло од Брегот на Слоновата Коска потпиша четири и полгодишен договор со Јунајтед, со опција тој да се продолжи на уште една година.

- Оглас -

Најнови вести