За само 65 минути, Ѓоковиќ ја освои 34-тата Мастерс титула

Новак Ѓоковиќ по петти пат го освои АТП Мастерс 1000 турнирот во Париз, откако во финалето беше подобар од Денис Шаповалов по два сета со 6-3, 6-4. Србинот немаше никакви проблеми да дојде до 34-тата Мастерс титула во кариерата, па за новиот успех му беа потребни само 65 минути.

Ѓоковиќ поведе со убедливи 3-0 по првиот остварен брејк на стартот од мечот, за потоа да чека на свој сервис да дојде до позиција да поведе во сетови. Првата сет-топка ја искористи, па во продолжението српскиот тенисер трпеливо чекаше грешка на Шаповалов, а ја дочека при резултат од 4-3 кога го запиша и вториот брејк на мечот.

Доволна беше една меч-топка за Ѓоковиќ да ја потврди доминацијата во Градот на светлината, освојувајќи го турнирот без загубен сет.

https://twitter.com/atptour/status/1191011500275699716

- Оглас -

Најнови вести