За се има првпат – Жозе Специјалниот се смрзна во Норвешка, во голем стил Бодо Глимт му ја раситни илјадарката (Фото)

Жозе Мурињо влегуваше и во теренот од нервоза по примените шест гола и дебаклот на Рома од Бодо Глимт вечерва, во поразот од 6:1 во Норвешка, прв во неговата тренерска кариера со шест примени гола.

Водеше гиганти од калибарот на Бенфика, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и сега Рома и никогаш во 1.007 натпревари не примил шест или повеќе голови.

Вечерва норвешкиот првак Бодо Глимт, предводен од тренерот Кјетил Кнудсен, ги посрамоти и Мурињо и неговите избраници, играчите на Рома, со еден од најтешките европски порази на Волчицата.

Досега најмногу губеа со по 1:7 од Баерн Минхен во 2007 година и од Манчестер јунајтед со истиот резултат во 2014 година, но ова е веројатно и најболниот пораз на Рома во 94-годишната историја на клубот од главниот град на Италија.

Секако, најтежок е за Мурињо и прв на кој во 1.008 натпревари примил шест погодоци.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести