За седум милиони евра може да пропадне камбекот на Ериксен во Тотенхем

Кристијан Ериксен е блиску да се врати во редовите на Тотенхем само една година откако го напушти лондонскиот тим и го облече дресот на Интер.

Сепак, има една пречка во вид на седум милиони евра, сума која агентот на Ериксен ја бара како процент за посредување на трансферот. Италијанските медиуми тврдат дека трансферот може да пропадне доколку Интер на ја исплати споменатата сума.

Агентот Мартинус Шутс тври дека досега е исплатена само една рата од еден милион евра по што го бара остатокот од парите.

Овој проблем не можеше да се појави во полош момент за Данецот, кој со сите сили се обидува да замине од Милано бидејќи неговата кариера на „Џузепе Меаца“ воопшто не се одвива како што се претпоставуваше.

- Оглас -

Најнови вести