За секој гол на Македонија на Мундијалот, Sport Life ќе донира во хуманитарна цел

Македонската ракометна репрезентација денеска во Минхен со дуелот против Јапонија ја започнува битката на Светското првенство во Германија и Данска.

Со почетокот на мечот во 15:30 часот, започнува и хуманитарната акција „Голови за радост“ во организација на Sport Life обложувачниците. За да имаме поголем мотив за навивање на Мундијалот, се погрижи Sport Life, кој одлучи да донира по 2.000 денари за секој погодок на Македонија на Светското првенство. Тоа всушност значи дека колку повеќе голови постигне Македонија на планетарниот собир, толку повеќе пари ќе бидат донирани во хуманитарната акција.

Македонија е редовен учесник на големите ракометни натпреварувања и им носи големи радости на нашите фанови. Се надеваме дека така ќе биде и овојпат на Мундијалот. Освен Јапонија, во групната фаза противници ќе ни бидат уште и Шпанија, Бахреин, Хрватска и Исланд.

Доколку Македонија биде на едно од првите три места во групата, ќе се избори за место во главната групна фаза, каде што следуваат најмалку уште три натпревари. Дури и да не успее да продолжи во следната фаза, во разигрувањето за пласман, Македонија ќе одигра барем уште два меча. Тоа значи дека најмалку седум средби ќе одигра Македонија во кои се надеваме дека ќе даде што е можно повеќе погодоци, а на тој начин да биде поголема сумата којашто ќе ја донираат Sport Life обложувалници.

 

 

- Оглас -

Најнови вести