За секој случај повикаа уште еден голман – Навас не може, Рико ќе брани за ПСЖ против Лајпциг

Серхио Рико малку бранеше во скратената сезона за Пари Сен Жермен, но ќе мора да потврди дека е квалитетен голман на еден од најважните мечеви за Светците од Париз, во полуфиналето во Лигата на шампионите во вторник во Лисабон.

Кејлор Навас се повреди на четвртфиналниот дуел со Аталанта, па Рико го замени во 79. минута, а прогнозите за ПСЖ не се добри.

Костариканецот тешко дека ќе биде фит до вторник, па за секој случај повикан е и четвртиот голман Гарисон Иносон. Тој треба да допатува во Лисабон и да се најде како втора резерва за мечот што може да биде историски за ПСЖ и да му донесе финале во Лигата на шампионите на францускито првак.

ПСЖ има многу проблеми со повредите на играчите, комплетно не е фит ниту Килијан Мбапе, повредени се и Верати и Курзава, но сите тројца имаат шанси за играат со Лајпциг на 18. август од 21 часот на „Луж“ во Лисабон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести