За скандалозната прослава на голот може да добие суспензија од четири меча (Видео)

Искусниот аргентинско-парагвајски фудбалер Раул Бобадилја откако постигна гол за Гуарани против Либертад во победата од 3-1, погодокот го прослави на скандалозен начин, со стриптиз, при што покажа дел од гениталиите.

Бобадилја го соблече дресот, а ги спушти и шорцевите, доволно за да добие казна. За вакво слично нешто фудбалер во парагвајската лига во март доби суспензија од четири натпревари. Но Бобадилја, кој се извини за потегот, имаше огромна среќа. Тој во рок од три дена треба да напише извештај, а веќе утре Гуарани го игра финалето против Олимпија Асунсион.

Ова значи дека Бобадилја ќе го игра важниот меч против Олимпија, а дури потоа ќе чека да види дали ќе добие суспензија и колкава.

Погледнете ја прославата која предизвика големи контроверзи:

- Оглас -

Најнови вести