За скандалозните расистички навреди кон Марега, Гимараиш доби смешна казна од 714 евра

Пред малку повеќе од две недели во Португалија се случи скандал за време на мечот меѓу Гимараиш и Порто. Голгетерот на Змејовите, Муса Марега, трпеше расистички навреди од страна на домашните навивачи и своеволно го напушти теренот по 70 минути игра откако го постигна победничкиот гол за Порто и конечни 2-1.

Во поголемиот дел од средбата навивачите на Гимараиш беа непријателски настроени кон репрезентативецот на Мали, дури фрлаа столчиња на теренот во раната фаза од првото полувреме. Дисциплинската комисија на Примеира лигата ги изрече казните за Гимараиш, а смешно звучи сумата од 714 евра за расистичките навреди.

Гимараиш вкупно треба да плати околу 10.000 евра во казни, поголемиот дел од сумата е за употреба на пиротехника и фрлањето столчиња, додека за најголемиот проблем само 714 евра. Проблемот со расизмот во фудбалот дефинитивно не може да се реши со ваква апсурдна казна.

- Оглас -

Најнови вести