За Србинките нема загубен меч, со пресврт до победа над Кина за полуфинале во кошарка

Женската кошаркарска репрезентација на Србија се најде во олимпиското полуфинале откако во драматичен меч со пресврти, подеми и падови, успеа да ја совлада Кина со 77-70.

Кинезинките имаа предност од 9 поени разлика по завршувањето на третата четвртина, но Србинките не се предаваа и последниот квартал го почнаа со серија од 11-0 за водство. Кина изедначи на 70-70 на две минути до крај, но избраничките на Марина Маљковиќ со серија од 7-0 си обезбедија полуфинале против САД. Американките беа убедливи против нивниот стар ривал Австралија.

- Оглас -

Најнови вести