За среброто во Токио, Георгиевски ќе добие 1,8 милиони денари од Владата и АМС

Новиот спортски херој Дејан Георгиевски, кој вчера освои сребро на Олимписките игри во Токио, ќе добие парична награда од Владата во висина од 1,2 милиони денари, односно малку помалку од 20.000 евра. За тренерот Дарко Костовски, Владата обезбеди 600.000 денари, додека сребрениот спортист од Токио ќе добие и дополнителни 600.000 денари од Агенцијата за млади и спорт.

„Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио, кој се закити со сребрен медал во дисциплината таеквондо, Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари. Освојувачот на сребрениот медал во таеквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт“, стои во соопштението на Владата.

- Оглас -

Најнови вести