За старт на убав викенд за симпатизерите на европскиот првак – Милнер го продолжи договорот

Убав најава за добар викенд има за симпатизерите на Ливерпул, откако вечерва Џејмс Милнер го продолжи договорот со актуелниот европски првак до 2022 година.

Милнер е на „Енфилд Роуд“ веќе пет сезони, а сега сигурно има уште три години кои ќе ги мине во дресот со број 7 на актуелниот лидер во Премиерлигата.

„Тој е исклучителен човек и фудбалер и се радуваме што постигнавме договор да остане во Ливерпул“, објавија на својата клупска страница европските прваци.

Милнер има 33 години, а во 2015 година се пресели од Манчестер сити во Ливерпул. Денеска и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го продолжи договорот до 2024 година со клубот што успешно го води.

 

- Оглас -

Најнови вести