За суеверните, Модриќ е главниот адут за титула на Реал Мадрид!

Како што и претходно имаме пишувано, има една традиција која вели дека од 2013 година наваму, во сите екипи кои ја освојувале Лигата на шампионите имало барем по еден Хрват.

Ако таа традиција продолжи, европски првак ќе бидат Реал Мадрид кој во своите редови го има Лука Модриќ. Реал не беше топ фаворит за трофејот, но 13-кратниот првак на чудесен начин дојде до финалето и сега никој не смее да го потцени.

Финалето во 2011 година беше последно на кое немаше Хрват во ниту еден од финалистите, а во 2012 година имаше Хрвати, но загубија. Од 2013 до 2021 година секогаш имаше Хрват(и) во шампионските тимови.

Таа низа пред девет години ја почна Манџукиќ со Баерн, ја продолжи Модриќ со Реал, следуваше Ракитиќ со Барселона, па Модриќ и Ковачиќ трипати по ред со Реал, дојде редот и на Ловрен како играч на Ливерпул, па Перишиќ со Баерн и лани Ковачиќ со Челзи.

Ако Ливерпул вечерва загуби, можеби треба да размисли да си купи некој хрватски фудбалер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести