За три месеци имаат само две победи, а се силат дека ќе ја елиминираат Барселона

Барселона против Галатасарај е дербито од осминафиналето на Лигата на Европа, одлучи денешната ждрепка во Нион. Каталонскиот гигант е фаворит, не само за влез во следната фаза, туку и за освојување на трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Сепак, од Галатасарај се оптимисти дека може да се спротистават на Барселона.

„Верувам дека можеме да ја елиминираме Барселона. Не смееме да заборавиме дека ние сме Галатасарај“, оптимистички најави членот на Управниот одбор на Галатасарај, Нихат Кирмиз.

Овие оптимистички изјави на Турците делуваат нереални, посебно ако се видат резултатити на Галатасарај оваа сезона. Гигантот од Истанбул во последните три месеци има само две победи, а по седум пати одигран нерешено и има седум порази. Галатасарај моментно е на 13 место во турското првенство со само 32 бодови од 26 кола.

Барселона по доаѓањето на Чави Ернандес за тренер делува како да ја подобри играта и формата, а тоа се потврдува и со синоќешната победа од 4:2 кај Наполи.

- Оглас -

Најнови вести