За ваков „нестВАРен“ старт, судијата мораше да користи ВАР (Видео)

Дуелот на двата најтрофејни клуба во Холандија донесе многу неизвесност, динамика, борба и на крајот победа на Ајакс против ПСВ Ајндховен од 3-1. Со овој триумф, Ајакс сега дојде само на два бода зад големиот ривал. Покрај четирите погодоци на „Амстердам арената“, имаше еден потег кој повеќе наликуваше како дел од карате-филмовите, а судијата беше многу неодлучен.

Во 57-мата минута, Мароканецот Мазрауи направи непромислен потег и со копачката го удри Ангелино директно во главата. Иако стартот беше крвнички, главниот судија на мечот Бјорн Кујперс најпрво му покажа само жолт картон на играчот на Ајакс.

Тогаш реагираа судиите од ВАР-собата и му посочија на арбитерот дека треба убаво да ја прегледа ситуацијата. Откако се послужи со ВАР-технологијата, Мазрауи доби заслужен црвен картон.

Со овој потег на судијата Кујперс само се потврди фактот дека судиите сега почесто калкулираат и не сакаат веднаш да донесат посериозна одлука, иако јасно беше дека стартот на играчот за Ајакс беше за исклучиување.

https://youtu.be/PSpUv2xAPFo

 

- Оглас -

Најнови вести