За Вардар 1961 вечерва почнува пеколниот февруари

Со натпреварот против хрватскиот Нексе од регионалната СЕХА-лига вечерва за ракометарите на Вардар 1961 почнува жестокиот ритам на одигрување на натпревари. Во овие 27 дена од најкратниот месец во годината, вардарци треба да одиграат дури девет меча, од кои седум во Лигата на шампионите.

Вардар 1961 за вечерашниот дуел во составот ќе го имаат и новиот играч Васко Шеваљевиќ, кој во меѓувреме го засили тимот. Во минатата сезона плејоф-мечевите на Вардар и Нексе беа крајно неизвесни, завршуваа со минимални победи.

„Очекувам тежок натпревар против Нексе затоа што последен пат не одигравме добро и на начин на кој посакуваме. Сега сакаме да покажеме друго издание за разлика од почетокот на сезоната. Нексе има нов тренер, ние сме подготвени на старата тактика, но сигурно дека ќе имаат нешто ново. Среќни сме што повторно сме на терен, со нетрпение го чекаме дуелот со Нексе за да видиме до каде сме”, изјави крилото Тимур Дибиров.

По овој меч со Нексе, тимот на тренерот Стевче Алушовски за три дена оди на гости кај Порто, па на 9 февруари следува гостување кај ПСЖ, два дена подоцна кај Флензбург. Следниот домашен меч е на 14 февруари против ПИК Сегед, на 18 е гостување кај унгарскиот тим, НБА ритамот продолжува на 21 февруари дома со Елверум, на 25- гостување кај Елверум, а на 27 гостување кај Мотор во меч од СЕХА.

- Оглас -

Најнови вести