27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

За Вардар паричен надомест за одземената прилика да го брани тронот

Извршниот одбор на Европската ракометна федерација одлучи да им додели паричен надомест на екипите кои се исклучени од Лигата на шампионите.

Екипите-учесници во нокаут-фазата на коишто им беше одземена приликата да се борат за Ф4 турнирот ќе добијат по 25.000 евра надомест, а меѓу нив е и актуелниот првак Вардар. Како што е веќе познато, Ф4 турнирот ќе се одржи во декември, а за титулата ќе се борат првите две екипи од групите А и Б, а тоа се: Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем.

Идентичен паричен надомест ќе добијат екипите и во женската конкуренција кои останаа без можност да се борат за финалниот турнир.

- Оглас -

Најнови вести