За во книга на рекорди – Тим од Шпанија со два дадени гола и пет ремија од 0:0 е во самиот врв од ЛаЛига2

Екипата на Бургос која што настапува во ЛаЛига2 е чудо само по себе.

Тимот по седум одиграни натпревари, има два постигнати голови, пет ремија и тоа сите со резултат 0:0, и ниту еден пораз.

Тие предмалку одиграа без голови против Леванте, со што ја продолжија серијата без пораз, но и навистина е чудо само како е можно да има два погодоци и тие да им донесат шест бодови.

Веќе 630 минути нивната мрежа не е затресена, што е успех само по себе ако се знае колку е израмнета и неизвесна шпанската втора лига.

Во моментов се наоѓаат на делба на шестото место со 11 бода а во следното коло ќе му гостуваат на вториот тим на Вилјареал кој што има ист број на бодови.

- Оглас -

Најнови вести