За време на СП во Катар, Елмас ќе игра во Анталија

Наполи, кој одлично игра и во домашното првенство и во Лигата на шампионите, договори серија пријателски натпревари во Анталија за време на Светското првенство во Катар.

На турнејата ќе играат сите фудбалери на Наполи кои нема да бидат учесници на Мундијалот. Наполи има само 6-7 играчи кои ќе играат на СП во ноември и декември, останатите остануваат во Неапол, па тренерот Лучијано Спалети нема да има голем проблем.

Наполи е лидер во Серија А и во својата група во ЛШ, а тимот на Спалети за време на паузата поради Мундијалот ќе игра контролни средби и во Анталија и дома во Неапол.

- Оглас -

Најнови вести