За второлигашки меч во Германија 150 000 барања за билети

Германската култура е таква што фудбалот е светост за навивачите, нешто што не треба да се пропушти, не е важно дали се игра во понеделник, сабота или недела, а тоа го докажаа и вчера во Келн.

Синоќа се играше дербито на втората Бундеслига помеѓу лидерот Келн и второпласираниот Хамбургер. Средбата заврши 1-1, но она што фасцинираше беше податокот дека на трибините на „Рајн енерџи“ имаше дури 50 000 луѓе. Бројката ќе беше и поголема ако стадионот беше поголем. Верувале или не, имало 150 илјади барања за билети, а само една третина од нив беа среќници кои во живо го проследија натпреварот.

Погледнете како изгледаа трибините пред почетокот на мечот:

- Оглас -

Најнови вести