За златото во бадминтон ќе добијат стан, многу пари, пет крави и доживотно бесплатно кафе

Апријани Рахају и Грејсија Поли од Индонезија освоија златен медал во бадминтон и за овој голем спортски успех богато ќе бидат наградени. Тие ќе добијат куќа, над 350.000 долари, пет крави и бесплатно кафе до крајот на животот во едно кафуле во главниот град Џакарта.

Бадминтонот е најпопуларен спорт во Индонезија и радоста по триумфот во женски двојки беше огромна. Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, веднаш им честиташе и рече дека ова злато е предвремен подарок за Денот на независноста, 17 август.

Индонезија во 1992 година во Барселона за првпат освои златен медал во овој спорт и оттогаш оваа земја е редовен освојувач на медали на големите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести