Sвездата на Челзи, Кол Палмер, во 2023 година за 47 милиони евра го напушти Манчестер сити, екипата во која фудбалски израсна. Сепак, во последниот период се почесто се зборува за негово враќање во родниот град, но во дресот на Манчестер јунајтед.
Во редовите на „сините“ сигурно не им е сеедно од ваквите пишувања, посебно ако се знае дека Палмер има изјавувано дека како мал бил навивач токму на „црвените ѓаволи“.
Сепак, новиот тренер на Челзи, Лијам Росениор, ги демантира овие пишувања и тврди дека фудбалерот е среќен во Лондон.
„Имав многу разговори со Кол и можам да кажам дека вроди со плод, и секако, многу е среќен тука. Палмер е дел од нашите долгорочни планови.“ – одговори Росениор на новинарско прашање.

