Заборавениот балкански мајстор кој играше и за Вардар стави крај на богатата кариера (ФОТО)

Сенијад Ибричиќ на 36-годишна возраст одлучи да се пензионира. Заборавениот балкански фудбалски мајстор кој што кратко во својата кариера го носеше дресот на ФК Вардар се збогува од фудбалот и тоа како член на НК Домжале.

Најдобрите партии, Ибричиќ ги пружи во дресот на Загреб, а потоа и Хајдук каде што ги имаше најдобрите моменти во кариерата.

Во Вардар дојде на позајмица во 2015 година каде што одигра 15 натпревари и постигна шест погодоци.

За репрезентацијата на Босна и Херцеговина одигра 44 натпревари и постигна четири погодоци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NK Domžale (@nkdomzale)

- Оглас -

Најнови вести