Заборавено е премиерлигашкото ривалство, Сане со спортски гест до новата ѕвезда на Баерн

Садио Мане се пушти во нова авантура по трансферот во Баерн Минхен, а Баварците како добри домаќини прават сè за да му помогнат на Сенегалецот што побрзо да се адаптира.

Еден спортски гест е посебно забележан, а го прави поранешниот ривал на Мане, Лерој Сане. Имено, Сане нема ништо против да му го препушти бројот 10 на својот нов соиграч бидејќи Мане во Ливерпул го имаше задолжено дресот со бројот 10.

Новиот офанзивец на Баерн уште нема одлучено со кој број ќе игра, но ако ја сака „10-ката“, може слободно да ја користи.

- Оглас -

Најнови вести