Заедно со Ињаки, за Гана ќе игра и младинскиот репрезентативец на Англија

Тарик Лампти, бекот на Брајтон, се одлучи да игра за репрезентацијата на Гана иако е роден во Англија. Заедно со ѕвездата на Атлетик Билбао Ињаки Вилијамс, Англичанецот се одлучи да настапува за земјата од која потекнува неговото семејство.

Како младински репрезентативец на Гордиот Албион, Лампти е свесен за конкуренцијата на десната бековска позиција во сениорскиот тим, каде што веќе се Кајл Вокер, Трент Александер Арнолд и Рис Џејмс.

На овој начин селекцијата на Гана значително се засили во пресрет на Светското првенство кое ќе се одржува во Катар кон крајот на годинава. Гана ќе игра во групата Х против Португалија, Уругвај и Јужна Кореја.

- Оглас -

Најнови вести