Загина Миодраг Јешиќ, го снајде истата судбина како Драган Манце и ќерка му! (Вознемирувачко Фото)

Фудбалска Србија, а и Балканот е во шок и тага, по веста за трагичната смрт на тренерот Мидораг Јешиќ, кој пред десет дена наполни 64 години.

Човекот кој најголем дел од играчката кариера мина во белградски Партизан, а подоцна беше и тренер на црно-белите, работеше и во повеќе клубови од балканските простори и во арапските земји.

Јешиќ загина на магистралниот пат Рума-Јарак во Србија. Да биде трагедијата поголема, тој на ист начин пред 20 години ја загуби и 19-годишната ќерка, а во сообраќајка во 1985 година загина и една од најголемите легенди на Партизан и соиграч на Јешиќ, Драган Манце.

Се појавија и вознемирувачки фотографии од местото на трагедијата, автомобилот на Јешиќ е смачкан, се гледа дека немало шанса да го преживее ударот.

- Оглас -

Најнови вести