Загина тинејџер кој за три месеци требаше да заигра во НБА-лигата

Теренс Кларк очекуваше за три месеци да започне неговиот кошаркарски сон и да заигра во НБА-лигата. Тинејџерот кој имаше само 19 години сепак не го дочека НБА драфтот за следната сезона. Загина во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес.

Кларк возел со својот автомобил кога се судрил со друго возило, а од ударот неговиот автомобил завршил во ѕид. За брзо време на местото на несреќата пристигнале лекарските екипи, Кларк бил пренесен во болница, но подлегнал на сериозните повреди.

Талентираниот кошаркар беше дел од универзитетот Кентаки и сезонава во просек имаше 9,6 поени на меч. Пропушти 17 натпревари поради повреда на стопалото, а беше пријавен на следниот НБА-драфт и сигурно ќе беше избран од некој НБА-тим.

„Беше прекрасно дете. Секогаш насмеан и среќен. Сите сме во шок. Веднаш заминувам во Лос Анџелес за да може да им помогнам на родителите на Теренс што да им е потребно. Ова ќе биде тешка разделба“, рече тренерот на Кентаки, Џон Калипари.

 

- Оглас -

Најнови вести