Ракометарите на Загреб направија вистинска сензација и го совладаа ПСЖ со 28-26 на домашен терен и си обезбедија место во нокаут-фазата на Лигата на шампионите. Првокласната сензација на Загреб значи дека шампионот на Хрватска по пауза од пет години, ќе разигрува во осминафиналето.
Во оваа група од поодамна шансите да ја мине групата ги загуби шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, а од вечерва е познато и дека Колштад испадна од оваа конкуренција.
Што се однесува до мечот во Загреб, домашните до победата дојдоа по вистинска драма во финишот, откако имаа предност од два гола разлика, но ПСЖ направи пресврт. Сепак, тоа не значеше дека ракометарите на Загреб ќе се откажат и ќе ја пропуштат шансата која им се укажа.
Кларица со 10 голови беше убедливо најефикасен на натпреварот со 10 голови.