Загреб официјално објави дека Иван Чупиќ потпишал тригодишен договор со нив

Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ, кој игра за Вардар 1961, по пет години во црвено-црниот дрес се враќа дома, клубот ППД Загреб и официјално потврди дека потпишале тригодишен договор со искусното крило. Чупиќ, кој има 34 години, беше човекот кој со својот победнички гол му ја донесе на скопски Вардар првата европска титула, а потоа со македонскиот првак освои уште еден европски трофеј.

Веќе беше познато дека кариерата ја продолжува во Загреб, тоа беше обелоденето на 11 јануари, а сега дојде и официјалната потврда дека од 1 јули 2021 ќе биде член на Загреб.

„Цели 15 години играм во странство и понудата од Загреб дојде во вистински момент за мене и за моето семејство. Се најдовме во визијата и планот на клубот за следните години, едноставно одлучив да се вратам дома и да се обидам да помогнам колку можам. Ќе се обидеме да го вратиме Загреб на старите патеки и да ја подобриме атмосферата“, изјави Чупиќ за официјалниот клупски сајт на Загреб.

- Оглас -

Најнови вести