Загрижувачка објава на сопругата на голманот Рико: Не ме оставај сама, не сакам да живеам без тебе!

Сопругата на голманот Серхио Рико, новинарката Алба Силва, имаше драматична објава на социјалните мрежи и загрижи многу љубители на фудбалот кои посакуваат Шпанецот од ПСЖ да преживее и да заздрави од повредите здобиени од незгоден пад од коњ.

Од болницата во Севиља, каде што е сместен Рико, денеска објавија дека нема промена во состојбата на голманот.

Сопругата Алба објави црно-бела фоторафија од нивната венчавка со емотивна, но и загрижувачка порака која покажува дека Рико е во тешка состојба.

„Љубов моја, не ме оставај сама. Се колнам дека не можам и не знам како да живеам без тебе. Те чекаме да се вратиш, многу те сакаме“, напиша Алба, која доби голем број лајкови, меѓу кои и оние на сопругите на познати фудбалери како Икарди, Асенсио, Ди Марија, Паредес и Ракитиќ, а коментар со поддршка даде и најдобриот тенисер Карлос Алкарас.

- Оглас -

Најнови вести