Загуби од Хофенхајм и доби отказ, па најде нова работа и ќе дебитира токму против истата екипа

Ахим Бајерлорцер доби отказ од Келн по поразот од Хофенхајм на домашен терен со 1-2 во последното бундеслигашко коло пред оваа репрезентативна пауза. Јарците со него на клупата го претрпеа осмиот пораз сезонава, односно трет последователен, по што најлогично решение за управата беше да му најде замена на Бајерлорцер.

Но, ниту тој не чекаше долго, најде ангажман во таборот на Мајнц, каде што ќе се задржи до крајот на сезоната. Интересно е што во следното, 12-то коло во Бундеслигата, германскиот стратег ќе се соочи со екипата која му ја одреди судбината во Келн.

Мајнц во недела, на 24 ноември, гостува кај Хофенхајм, меч на кој ќе се види дали Бајерлорцер си ја научи лекцијата или пак повторно ќе претрпи разочарување и со пораз ќе тргне во новата авантура.

- Оглас -

Најнови вести