Загубија од Баерн Минхен, а тие решија да ги провоцираат Меси, Нејмар и Мбапе (Фото)

Аугсбург одигра одличен меч, но на крајот загуби со 5:3 на гостувањето на „Алијанц Арена“ од шампионот Баерн Минхен. Ова беше дерби на локални ривали, а интересно е дека Аугсбург иако загуби, најде нешто позитивно од дуелот против баварскиот гигант.

На официјалниот Твитер профил на Аугсбург се појави фотографија на која од германскиот тим се фалат дека успеале да му дадат три гола на Баерн за само 90 минути, додека триото Килијан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар во 180 минути не успеа да постигне ниту еден гол против Баерн Минхен во овој период.

- Оглас -

Најнови вести