Загубија со 10:1, а добија голман што ќе биде светска класа (Видео)

Младиот голман Денис Попов имаше незгодно деби на голот на Ростов и прими дури 10 гола, но за него со почит говорат сите во Русија по вчерашниот настап против Сочи.

Денис има само 17 години, а покажа квалитет достоен за комплиментите што ги добива, бидејќи имаше уште најмалку десеттина фантастични интервенции и дури успеа да одбрани и пенал во 26. минута.

Ростов играше против Сочи со младинци, меѓу нив и Попов, кој се уште е дете, но и голема перспектива и на клубот и на рускиот фудбал.

FC Rostov’s 17 year old goalkeeper, Denis Popov, made 11 saves during their 10-1 loss to Sochi from soccer

Педантните статистичари му изброија 15 фатени удари на противничките играчи што ги предводеше Александер Кокорин, кој постигна хет-трик. Тоа е рекорд сезонава во Првата руска лига.

„Попов прими 10 гола, но сепак успеа да биде во фокусот на мечот, дури и да ги засени сите на теренот во позитивна смисла. Момчето бранеше како Лав Јашин во најдобрите денови“, пишуваат со многу комплименти руските новинари.

Попов неколкупати сезонава беше резервен голман на Ростов, но сега принудно првпат доби шанса и да брани и на чуден начин со 10 примени гола потврди дека е голем талент.

Ростов играше со тим составен од играчи до 18 години, поради пандемијата со Коронавирус, со кој се заразени шест првотимци од А тимот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести