Загубија со 10:3, ама го украдоа шоуто со оригинална тактика (Видео)

Интересна тактика при изведувањето на корнерите имаа играчите на чешкиот третолигаш Карлови Вари на куп-мечот со Славија Прага, дури и дадоа гол, но сепак загубија со катастрофален резултат од 10:3.

Мечот се играше во рамките на Чешкиот куп, а Карлови Вари го постигна вториот гол на интересен начин. Гостинските фудбалери направија круг и потоа се распоредија на предвидените позиции, а Лудвик Тума дури успеа и да постигне гол со удар со глава.

Funny FC Slavia Karlovy Vary (3rd division) corner kick strategy against SK Slavia Prague (national champion) in Czech national cup. from soccer

Во тој момент, во 53-тата минута беше 7:2 за Славија, екипа која сепак покажа дека е многу поквалитетна од аутсајдерот од Карлови Вари, постигна уште три гола и славеше со неверојатни 10:3 за пласман во четвртфиналето на Чешкиот куп.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести