Заха не дозволи да му се расипе јубилејот на тренерот Хоџсон
Легендарниот тренер по стоти пат седеше на клупата на Кристал палас.

Кристал палас на свој терен ремизираше против Брајтон со 1-1 и сега има серија од четири премиерлигашки мечеви по ред без пораз, а вечерва важно им беше да не загубат бидејќи тренерот Рој Хоџсон славеше јубилеј, 100-ти меч на клупата на овој лондонски клуб.
Билансот на Хоџсон сега е 37 победи, 24 нерешени и 39 порази и стана трет тренер на Палас во 21 век со сто меча на клупата на овој клуб.
Брајтон традицонално е незгоден ривал, во минатата сезона двапати го победи Палас, а и вечерва гостите беа во водство пред да изедначи Вилфрид Заха. Заха е стар „душман“ на Брајтон, тој има дадено шест гола против нив. Против ниту еден друг тим Заха нема дадено толку многу погодоци.