Захариевски жестоко го нападна Миленко Неделковски, откако тој прв го „закачна“ (Фото)

Тензиите околу Вардар продолжуваат и по освоената шампионска титула, а во центарот на вниманието сега се најдоа Срѓан Захариевски и Миленко Неделковски.

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, преку објава на социјалните мрежи испрати порака со која алудираше на поранешните тренери на клубот, Срѓан Захариевски, Горан Петрески и Горазд Михаилов.

„Гоце V.S Горазд/Чунга/Срле – Бог и шеширџија“, напиша Неделковски на фотографија со актуелниот тренер Гоце Седлоски.

Таквата објава предизвика реакција од Захариевски, кој преку свој статус жестоко му возврати.

„Почестен сум од денешната споредба, особено кога доаѓа од човек од сточарството за кој фудбалската топка сѐ уште е рамна. Мојата фудбалска биографија е беспрекорно чиста, со многу успеси како фудбалер и како фудбалски тренер во последните 14 години и така ќе остане.

Јас верувам во еден Господ, а ти и твоите повеќе богови не се плашите од правда (зашто ја нема и тоа лично сум го осетил), ама на крајот на денот кармата стига кај секого.

Вардар е на ниво на држава и е над сите нас и ова ќе го надживее“, порача поранешниот тренер и фудбалер на Црвено-црните.

- Оглас -

Најнови вести