Заканувачкото писмо кое го доби Конте е пратено од навивачи на Јувентус?

Миланската полиција има теорија дека заканувачкото писмо кое го добил Антонио Конте е пратено од лути навивачи на Јувентус. На адреса на Конте пред неколку дена стигнало писмо кое содржело заканувачки пораки и куршум, а полицијата се сомнева дека е пратено токму од фанови на ривалот на Интер на кои не им се допаѓа тоа што екстренерот на Старата дама сега стои од противничката страна.

Содржината во писмото е доволна причина за полицијата да се сомнева во вакво нешто, а истрагата ќе продолжи додека не се најдат сторителите.

Непосредно откако Конте склучи соработка со Интер, околу 15.000 навивачи на Јувентус потпишаа петиција за неговата ѕвезда да биде тргната од пред стадионот на Јувентус.

Конте како тренер на Јувентус го предводеше тимот до три последователни титули во Серија А, додека како играч на Бјанконерите петпати беше италијански шампион.

- Оглас -

Најнови вести