Вардар стигна до нова победа во последен момент откако ја совлада Брера со 1-0, со голот од пенал на Горан Закариќ во 95-тата минута од мечот. Претходно, играч на Брера играше со рака во шеснаесетникот, а судијата Стојанче Трпчевски по ВАР-проверка досуди најстрога казна.
Закариќ ја презеде одговорноста и успеа да го совлада Диковски, голманот на Брера.
Вардарци не блескаа на овој меч, иако беа подобар ривал. Но, Брера умешно се бранеше, па домаќинот не создаде многу колосални можности пред противничкиот гол.
На крајот, сепак, Вардар стигна до целта и освои нови три бода.

