Фудбалската федерација на Македонија и официјално ја закажа ждрепката за четвртфиналето од Купот на Македонија. Во „игра“ за престижниот трофеј, кој носи и учество во Конференциската лига, останаа само осум екипи, пет од Првата лига и три од Втората.
„Одделот за натпреварување во рамките на Фудбалската федерација на Македонија праќа известување до клубовите дека извлекувањето на 1/4 финалните парови од Купот на Македонија ќе се одржи во петок, 23.01.2026 година, со почеток во 12:00 часот, во Куќата на фудбалот“, се вели во соопштението на ФФМ.
Своите противници за четвртфиналната фаза од Купот на Македонија ќе го очекуваат бранителот Вардар, финалистот од минатата сезона – Струга, како и Работнички, Силекс, Шкендија, Детонит Плачковица, Охрид и Шкендија Арачиново.

