Залудно се разбрани Митревски, Работник и третпат поразен во ЛШ

Еурофарм Работник го загуби и третиот дуел од групната фаза во ЛШ, денес на гостувањето кај Бидасоа Ирун загубија со 26:25. Избраниците на Стефче Алушовски беа блиску до првата радост во елитното натпреварување, но деконцентрацијата во клучните моменти од второто полувреме резултираше со ново разочарување.

Иако домаќините подобро го отворија мечот, по нивното водство од 7-6 се разиграа ракометарите на Еурофарм, па со неколку мини-серии во последните минути од првото полувреме се изборија за предност од +3. Двата гола на стартот од вторите 30 минути најавија дека Еурофарм ќе може да дојде до посакуван резултат, но од 35-тата до 40-тата минута се случи црното сценарио – тимот на Бидасоа ја анулираше предноста на гостите и воедно дојде до +2 во ситуација кога Работник беше со играч помалку.

Дополнително на битолчани им наштети и нивната грешка при замена, во дел од секунда имаа вишок ракометар на теренот, по што следуваа две минути суспензија за Јотиќ, а тоа беше шанса за домаќините да се стабилизираат. Митревски се разбрани и ги држеше надежите за македонскиот вицепрвак, па се отвори и шанса за реми на околу 80 секунди до крајот по реализираниот пенал на Остроушко за 25:24, но и Де Ла Салу доби прилика да казни од седум метри, а тој погодок го одлучи победникот.

Остроушко беше најефикасен во редовите на Работник со шест погодоци, додека со по три гола Де Ла Салу и Муњоз го предводеа тимот на Бидасоа.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести