Замалек ја одбрани титулата во Египет, Каиро гори 18 години по ред со шампионски тим (Видео)

Замалек ја одбрани титулата во Египет и по 14-ти пат е шампион на земјата, а главниот град Каиро гореше во славењето на навивачите на првакот и има неверојатна низа од 18 шампионски круни со двата големи ривали.

https://twitter.com/Zamalek_20thC_C/status/1562265627347550208?s=20&t=AOoL7D_sADlkizXtzdG1kQ

Замалек и Ал-Ахли се менуваат како прваци на Египет од сезоната 2002/03, откако претходната сезона Исмаили беше последниот шампион што не е од главниот град.

Вчера Каиро повторно гореше, сега во боите на Замалек, а навивачите на вториот најтрофеен тим во Египет и буквално го запалија градот во славењето.

zamalek team celebrate celebrate with the fans after winning the league from soccer

По ремито 1:1 со Ал-Итихад, екипата на Замалек на две кола до крајот на првенството има недостижни 8 бода предност пред Пирамидс и дури 12 од вечниот градски ривал Ал-Ахли, кој е најтрофеен клуб со 42 титули.

- Оглас -

Најнови вести