Замената за Алаба ќе биде фудбалер кој Реал пред две години го продаде за 75 милиони евра?!

Реал Мадрид во зимскиот преоден рок, кој стартува на први јануари, ќе достави понуда за дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан, објави радиото Кадена Коп.

Кралевите во јануари мора да бидат активни на трансфер-пазарот поради повредата на Давид Алаба, кој на последниот меч ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

„Кадена Коп“ тврди дека управата на Реал Мадрид одлучила да достави понуда до Манчестер јунајтед за Варан бидејќи Французинот одлично го познава системот на игра на Карло Анчелоти бидејќи десет години (2011-2021) го носеше Кралскиот дрес.

Варан во 2021 година во трансфер вреден 75 милиони евра се пресели во Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести